ВМРО-ДПМНЕ: Власта има приоритет да ги полни џебовите на паразитите во време на криза, наместо да ги помага граѓаните

Од:

„Аферата „Паразити“ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДС и ДУИ во време на криза. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден од најкарактеристичните примери за паразитирање на грбот на граѓаните е Љубе Бошковски кој зема 50 илјади евра за мандат, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари.

Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.

Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.

Сите овие, но и десетината други кои ги обелоденивме ја чинат Македонија околу 2 милиони и 250 илјади евра за еден мандат. Овие средства доколку се скратат од ставката „паразитирање“ и се потрошат наменски сега во време на криза ќе има повеќе пари за лекови, за студентски оброк, за поддршка на земјоделците или за изградба на некое училиште, градинка или амбуланта.

Но власта на СДС и ДУИ во оваа криза имаат други приоритети, различни од тие на народот. На власта приоритет им се непродуктивните трошења, криминалот и полнењето на функционерските џебови.

Денес скандалот „Паразити“ продолжува со нови имиња и нови непродуктивни трошења во време на криза“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО