ВМРО-ДПМНЕ: Власта евтино продава вишоци струја во Албанија

Од:

Македонското стопанство тоне поради лошата енергетска политика на власта. Индустријата е оставена на милост и немилост и плаќа 500% поскапа струја од лани. За споредба со компаниите во околните земја, македонските плаѓаат најскапа струја и на тој начин ја губат својата конкурентност. Власта наместо преку матни зделки да ги продава вишоците на албанската компанија по багателна цена, истите може да ги понуди на домашниот пазар и на тој начин да ја помогнеше домашната економија, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

“Поради неодговорноста, недомаќинското работење и криминалот на власта на антимакедонската СДС, граѓаните и компаниите ја плаѓаат од свој џеб неколку кратно економската катастрофа. Најпрво ги плаќаат државните компании кои се претворија за 5 години во бунар без дно и најголеми загубари, потоа преку буџетски пари го плаќаат скапиот увоз и на крај преку енормни сметки ја плаќаат електричната енергија. И од мафијата СДС да беше, премногу е! Ова мора да престане. На ова мора да му се стави крај. За ваквиот грабеж на својот народ кој го спроведува антимакедонската СДС мора да има одговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот