ВМРО-ДПМНЕ: Власта е делегитимирана и мора да замине

Од:

„Власта е делегитимирана и мора да си замине. Зоран Заев и Стево Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоија само 42,84% од гласовите на граѓаните на Република Македонија.

Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на опозицијата во албанскиот блок ја освоија довербата на преку 53% од граѓаните.

Тоа е најдобар доказ дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува. Одиме надолу и на економски и на демократски план. Одиме надолу и на листите за корупција и во здравството и во образованието и на полето на безбедноста.

Македонија оди напред само во однос на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата.

Тоа се фактите кога три пати аболициран политичар ја води државата по принципот „едно евро за вицето”.

Бизнисите на граѓаните тонат, но затоа фирмите на функционерите од власта добиваат тендери во 4 очи и испумпуваат милиони од буџетот.

Немаме 500 евра просечна плата, немаме 100.000 денари плата за лекарите, немаме 600 километри автопат, но затоа имаме криминал, корупција и непотизам.

Граѓаните живеат во тешка мака, земјоделците сечат дрва, болните не можат да најдат лек, младите се иселуваат како никогаш до сега.

Република Македонија тоне. Со Стево Пендаровски уште повеќе ќе тоне. Затоа е потребно граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. За право и правдина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски