• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владеењето на Заев потсетува на мрачните деведесетти

by А1он01/11/2018 - 08:5901/11/2018 - 09:00162
Share0

„Македонија е единствената држава во Европа која е водена од политичар аболициран за сериозен криминал. Единствена држава во која на власт е криминален картел кој единствено работи за партиските и бизнис интересите на кланот Заеви.

Добивај вести на вибер

Одродената и криминална власт секојдневно ги задолжува граѓаните. Последното задолжување изнесуваше 58 милиони евра, а со ова темпо таканареченото грчко сценарио и банкрот е неизбежно. Граѓаните се донесени на работ должничко ропство, а сиромаштијата зема замав. Над 460 илјади македонски граѓаните преживуваат со еден оброк дневно и секојдневно гладуваат.

Нема нови проекти, не се отвораат нови работни места, младинската невработеност изнесува повеќе од 50 проценти. Со оглед на фактот што реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 27,4 проценти, нема изградба на 600 километри автопат, нема изградба на нови клинички центри и студентски домови, владата не гради нови училишта и спортски сали, останува прашањето за што се трошат парите на граѓаните?

Со оглед на криминалното работење на власта и принципот „евро за вицето“ јасно е дека парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиски и државни функционери. Преку криминални грантови и тендери СДСМ на чело со Зоран Заев спроведува досега невиден грабеж споредлив само со времето на криминалната транзиција.

Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија, граѓаните се во апатија и на работ на својата егзистенција. Нема повисоки пензии, јавноста е сведок на се повеќе компании кои заминуваат во стечај, безнадежноста дека ќе има правда и правдина е се поголема.

Темните облаци кои надвиснаа над Македонија ќе си заминат. крајот на политичката кариера на Заев е на повидок. Заев избра да не ја почитува волјата на народот јасно искажана на референдумот за промена на името, но казната ќе ја добие на следните парламентарни избори на кои граѓаните уште погласно ќе му кажат на Заев доста е, заврши времето на транзиционите политичари“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он24/01/2026 - 13:3924/01/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он24/01/2026 - 12:4424/01/2026 - 14:35

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:40

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он17/01/2026 - 16:3317/01/2026 - 18:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен