ВМРО-ДПМНЕ: Владата задоцни со замрзнувањето на цените

Од:

Владата ги замрзна цените откако се поскапе, инфлацијата го јаде стандардот.Одлуката за замрзнување на цените е задоцнета. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително власта не решава ништо, затоа што граѓаните ги очекува поскапување на цената на струјата. Според неофицијални информации АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО. Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија скоро 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи. Нема ниту јаглен, хидро акумулациите се празни, а ТЕЦ Неготино не е ниту на повидок дека ќе почне со работа. Со оваа влада нема изглед за излез од економската и енергетската криза, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус