ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Од:

Да работеше СДС во интерес на граѓаните и да имаа добри економски политики кои ја подобруваат состојбата и го подобруваа стандардот на граѓаните, немаше инфлацијата во нивно време да руши европски и светки рекорди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС можеби сака да се заборави, но ни ние ниту граѓаните не забораваме дека за време на нивно владеење инфлацијата беше двоцифрена, скапотијата секојдневно се зголемуваше, сиромаштијата галопираше, така што над пола милион граѓани донесе на раб на сиромаштија со по 150 денари на ден.

И додека народот осиромашуваше, луѓето во СДС како Зоран Заев и Венко Филипче, секојдневно го зголемуваа богатството, за сега да градат 50 катница во Дубаи. И уште нешто што не смее да се заборави е тоа што СДС се тие коишто го зголемија ДДВ на над 1500 прехранбени производи и за 50% ја зголемија цената на струјата, што директно доведе зголемување до поскапување.

За разлика од тие времиња, сега Владата постојано води грижа и носи политики за поддршка на стопанството и граѓаните и презема мерки за намалување на цените. Во континуитет се носеа мерки за ограничување на цените и на нето профитните маржи, се зголемуваат платите и пензиите, се помага стопанството на кое на располагање се ставија 250 милиони евра со поволни кредитни услови. Во правец на подобрување и зачувување на стандардот на граѓаните активна е кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, а како најнова мерка Владата ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало. Исто така, вчера се потпиша колективен договор за 20% покачување на платите на сите вработени во јавните установи за социјална заштита. Претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно седум илјади денари, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ