А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со својата неспособност и неажурност дозволи Македонија да стане огромно жариште

by А1он07/08/2017 - 09:07137
Share0

„Несериозноста на неспособната владата на Заев ги загрозува животите и здравјето на илјадници граѓани на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДС со својата неспособност и неажурност дозволи Македонија да стане огромно жариште и да и се случи еколошка катастрофа.

Пожарите горат, а владата е инертна и не покажува грижа за граѓаните.

Неспособната влада на СДС не успеа да направи превенција од нови пожари, иако сите информации говореа за ризик од пожари, и на тој начин стави во опасност илјадници граѓани.

Следете a1on на Youtube YouTube

Неодговорната влада на СДС не успеа да изгаси локални пожари кои ескалираа и ставија во опасност цели региони.

Заради игнорирањето и ненавременото локализирање на пожарите СДС дозволи тие со денови да голтаат цели планини со шума и да станат вистинска опасност на огромен број на граѓани.

Додека граѓаните молеа и чекаа државата да им помогне за да пожарите не стигнат до нивните домови, владата на СДС не мрдна со прст и зад затворени врати, далеку од очите на јавноста носеше закони штетни за Република Македонија и нејзините граѓани.

Владата на СДС мора да сноси одговорност за пожарите кои заради нивната неажурност и игнорантски однос за ненавремено локализирање на пожарот дозволи да изгорат 5 куќи, се нанесе огромна материјална штета во Поречието и останатиот дел на Македонија каде секој ден пожарите земаат поголем замав.

За неспособноста на владата на СДС да излезе во пресрет на граѓаните и да помогне во гасење на пожарите граѓаните ќе одговорат на локалните избори на 15-ти октомври кога ќе го казнат СДС за сите нереализирани ветувања и погубни политики вклучувајќи го и несериозниот пристап кон гасење на пожарите во земјата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски31/08/2026 - 11:0731/08/2026 - 11:29

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски27/08/2026 - 09:19

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он23/08/2026 - 12:45

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски21/08/2026 - 09:3021/08/2026 - 09:35

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:2819/08/2026 - 13:36

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски19/08/2026 - 09:0719/08/2026 - 11:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео