ВМРО-ДПМНЕ: Владата призна дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90 отсто од планот 3-6-9

Од:

„Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 – 6 – 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, односно пред 2 месеци.

Владата денес призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90% од планот за реформи 3 – 6 – 9.

СДСМ покажа слаба способност за реализација на реформите. Нивото на реализација на реформскиот пакет за девет месеци беше само 42%. Напредокот во реализацијата на реформите е постигнат со учеството на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката за реформските закони, која ја дадовме заради евроатлантската иднина на државата.

ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на законите, затоа што без наша амандманска интервенција истите ќе беа катастрофални. Сега истите се подобрени.

Извештајот на ЕУ ќе биде позитивен заради политичкиот моментум, но истиот и јасно ќе покаже колку се потфрлило во реформите, поради неспособноста на власта“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал