ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави многу за слепите лица

Од:

СДСМ кога зборува за слепите лица треба да се потсети дека кога тие имаа можност не реализираа ниту еден проект кој ќе биде во полза на оваа категорија на граѓани, а денес кога се реализираат десетици проекти тие се обидуваат да ги девалвираат и да ја намалат нивната вредност.

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на Мила Царовска од СДСМ, која ја обвини Владата дека не направила ништо за слепите лица.

„Ваквиот нивен настап е плод на нивната безидејност и желба по секоја цена да се критикува, па дури и брутално да се злоупотребува за политички цели цела една категорија на граѓани“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија потсетуваат дека токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ објави Јавен оглас за засновање на работен однос на неопределно работно време за 2014 година за 300 лица со инвалидност, воведе право на додаток за слепило за лица со оштетување на видот, во тек е и проектот аудио книги за слепи лица., а доделени се и 900 тифлотехнички помагала за слепите лица.

„Министерството за труд и социјална политика подготвува нов текст на Закон за вработување на лица со инвалидност со што ќе стане законско правило и обврска нивното вработување. Изградени се три инклузивни игралишта (Скопје, Струмица и Кавадарци), а во завршна фаза е игралиштето во Прилеп. Во 2015 и 2016 година ќе се изградат инклузивни детски игралишта во Општина Битола, Општина Аеродром, Општина Кисела Вода и едно игралиште во близина на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје. Обезбеден е бесплатен меѓуградски и железнички превоз за лицата со оштетен вид и во тек е реализација на проект за отворање на повеќе дневни центри наменети токму за оваа категорија на лица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела