ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема план за борба против корона

Од:

„Неспособноста на СДСМ целосно исплива на површина. Владата нема план за борба против корона. Неспособни да го организираат здравствениот систем, неспособни да го организираат училишниот процес, и сите елементи поврзани со актуелната ситуација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Едноставно немаат решение за ништо. Владата на СДСМ креира само проблеми. Во организирањето на образовниот процес Мила Царовска потфрли целосно. Нема учебници за сите, а таму каде што се поделени дадени се искинати, Царовска жртвува уште една генерација деца.

Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома, а веќе има и заразени деца со корона во неколку училишта.

Потфрли и градоначалникот во заминување на град Скопје, Петре Шилегов, автобусите се преполни.

Шилегов ги направи градските автобуси извор на зараза.

Венко Филипче не се снајде и не успеа да го организира здравствениот систем во ниту еден од претходните три брана, исто е и сега за четвртиот.

Бројката на починати надмина шест илјади само поради тоа што Филипче не помислува на здравјето на граѓаните. Филипче се интересира само за провизии.

Актуелната власт е неспособна да ја нормализира ситуацијата. Време е за промени“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му