ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува да глуми опозиција

Од:

„Владата на СДС наместо да ги реализира проектите кои се започнати, времето го губи за наоѓање на изговори и оправдувања за неработењето.

СДС е повеќе од месец дена на власт, а продолжува да глуми опозиција.

По доаѓањето на СДС на власт, граѓаните на Република Македонија ги очекуваат ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.000 километри локални патишта, а не политизирање кое не им носи реален бенефит, ниту на граѓаните, ниту на државата.

СДС продолжува да си игра со големите инфраструктурни проекти кои се од големо значење на Република Македонија и за граѓаните.

Пред неколку дена СДС ја проблематизираше изградбата на автопатот Кичево-Охрид, за сега да наоѓаат изговори и во изградба на експресниот пат Прилеп-Градско. Време е СДС се фатат за работа и да го изградат автопатот кон Охрид и експресниот пат Прилеп-Градско.

Експресниот пат Прилеп-Градско е пат од огромно значење не само за жителите на Прилеп и Градско, туку и за целиот поширок регион на централна и јужна Македонија, кој ќе го забрза протокот на возилата и ќе допринесе за поголем економски развој.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува СДС да не држат празни прес конференции туку да се фатат за работа, бидејќи граѓаните ги очекуваат ветените проекти но и финализирање на веќе започнатите проекти“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство