ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги изготви проектите за автопатите, доколку има отстапки тогаш тие се виновни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

„Неспособноста и неработењето на владата на СДС стануваат алармантни. Наместо по само пар недели владеење министрите од владата да одат на одмор, потребно е да се зафатат со работа. Министерот Сугаревски наместо да лиферува лажни бројки и да креира конструкции треба да засука ракавите и да почне да си ги врши должностите.

Бројките кој ги споменува се лага и конструкција, тие имаат за цел да внесат забуна и да го девалвираат проектот. Главната борба на владата на СДС се криминалните побуди, тие во изградбата на патиштата гледаат можност за екстра криминална заработка преку кочење и избор на нови фирми, кои граѓаните ќе ги чинат многу повеќе и поскапо. Сугаревски денес си даде автогол. Ако има отстапки од самите проекти, тогаш за тоа единствено треба Сугаревски да побара вина во неговата партија чија влада ги изготви тие проекти, и никогаш не ги реализира, затоа што немаше доволно капацитет и компетентност за тоа.

Срамно е и безобразно е ова однесување на СДС, тие во текот на изборната кампања ветуваа 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта, за сега да гледаме дека не се способни да ги довршат автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна и кои се во напредна фаза на реализација, а не пак да градат нови“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер