ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ е влада на елитите, а не на граѓаните

Од:

Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во изјава за медиумите кажа дека Владата предводена од СДСМ продолжувала со неодговорното однесување спрема граѓаните на Република Македонија.

– Иако во предизборниот период цело време најавуваа дека ќе бидат реформска, одговорна и домаќинска влада сега гледаме дека од самиот почеток на нивното владеење се луксузираат со народните пари. Народните пари очигледно имаат намера да ги трошат, освен за вдомување на своите соросови платеници и за набавки на октоподи, морски плодови, цвеќиња и слични непотребни трошоци, изјави Гаврилов.

Според него, службата за општи и заеднички работи при Владата објавила оглас за набавка на свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари.

– Повторуваа дека граѓаните немаат пари за леб, а откако дојдоа на власт нивните пари ги трошат за сопствени задоволства и луксузна храна која народот не само што не може да си ја дозволи туку единствено ја гледа само на филмовите, рече Гаврилов.

Тој додаде дека наместо да штедат како што најавувале, СДСМ продолжувале со нивното расипништво и парите на граѓаните на Република Македонија ги трошеле и на цвеќиња. Како што кажа Гаврилов, министерството за надворешни работи објавило оглас за набавка на цвеќиња во вредност од 305.700 денари.

– На нивната дволичност и нема крај. Од една страна зборуваа за сиромаштија на граѓаните на Република Македонија, а од друга страна гледаме недомаќинско трошење и луксузирање со октоподи и морски плодови. Најавуваа штедење, а може да видиме само трошење на народните пари за задоволување на сопствените хедонистички пориви, рече Гаврилов.

Тој кажа дека уште еднаш се видело дека Владата на СДСМ била влада на елитите, а не на граѓаните. Според Гаврилов, тие пред изборите ги изманипулирале и излажале граѓаните.

– Функционерите на Зоран Заев од својот луксуз не можат да ги видат секојдневните потреби и проблеми на граѓаните. Наместо тие да им помагаат на граѓаните, тие ги трошат нивните пари на елитизам и луксузи, заврши Гаврилов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ