ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС врши уцени и рекет врз фирмите

Од:

„Владата на СДС врши репресија и притисок врз фирмите. Народски кажано, уцени и рекет. СДС ги злоупотребува инспекциските служби на државата за свои партиски цели.

Неполни недела дена од затворањето култните локали „Палма“ и „Тренд“ во Аеродром, Инспекцијата под команда на Сања Лукаревска и нејзиниот пријател Стефан Богоев, го затвори и познатиот локал „Броз Кафе“. Ова е класичен удар врз фирмите и угостителите, и е пример за политичка тортура.

Заев се плаши од граѓаните. Знае дека на претстојните локални избори ќе претрпи тежок пораз, особено во Скопје. Токму затоа е во паника и влече вакви насилнички потези, каде бизнисот е тој што страда.

СДС во изборната програма лажеше дека превенцијата ќе биде темелот на казнената политика и дека инспекциските служби нема да се користат за репресија и притисок врз фирмите. СДС вети, СДС излажа. Само три месеци по доаѓањето на власт, СДС покажува како има намера да ја води Република Македонија, со притисоци, закани и заплашувања. СДС нема идеја како да ја крене економијата и сега почнува фазата на изживување врз бизнисот.

Заев и сегашните министри одеа низ градовите ширум Македонија, велејќи дека бизнисот мора да се олабави од контролите, инспекциите и казните. Сега го гледаме спротивното. СДС гледа на државните служби како средство за остварување на своите партиски хирови. СДС ги злоупотребува институциите и врши притисок врз секој еден кој не размислува како нив.

Инспекциите не се и не смеат да бидат средства за тортура врз бизнисот, инспекциите мора да работат исклучиво врз база на законот, и никако поинаку. Секоја незаконска постапка и политички прогон по наредба на Заев или другарката на Богоев, Лукаревска ќе биде ревидирана со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија.

На 15-ти октомври, граѓаните ќе им стават крај на погубните политики на СДС и ќе гласаат против заканите, заплашувањата, притисоците, односно против погубните политики на СДС“, изјави Стефан Андоновски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни