ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето

Од:

„Зелениот“ ДУИ и СДС останаа само на празни зборови за загадениот воздух, Владата на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк, доделување на инвертери, се работи и на гасификација. Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето. И самиот Зоран Заев постојано викаше на цел глас аеро, аеро и ветуваше чист воздух. Јани Макрадули од СДС кон крајот на 2017 година како заменик министер во ресорното министерство протестираше за почист воздух. Или Јани протестираше против Јани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ кои се прокламираа како зелена партија немаат ниту З од зелена агенда. А што имаше во време на СДС и ДУИ? Мерните станици честопати беа расипани и не функционираа. СДС во изминатите 7 години трошеа милионски буџети, а за подобрување на квалитетот на воздухот не вложија ништо. Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати. ВМРО-ДПМНЕ има системски решенија за квалитетен воздух и намалување на урбаното загадување. ВМРО-ДПМНЕ има план за екоиновации за одржлив развој каде преку зелениот фонд ќе се поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување и заштита на животната средина.
ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк во источниот дел на Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ додели ваучери за инвертер клими за нешто повеќе од 6 илјади граѓани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на гасификација на целата држава. Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост. И ова е само старт! „Зелениот“ ДУИ и СДС иако отидоа и сами против себе како Јани Макрадули останаа само на празни зборови“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја