ВМРО-ДПМНЕ: Владата на одредени медиуми им забрани известување за чествувањето на Гоце Делчев

Од:

Владата забранува на дел од новинарите и медиумите да известуваат за утрешното чествување на Гоце Делчев, без образложение недоделувајќи акредитации на одредени медиуми, новинари и фоторепортери. Зошто може бугарските здруженија да присуствуваат, а не може новинари да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев. Кој во владата и според кои критериуми ги подели медиумите на подобни и неподобни за известување?, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми. Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев.

Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола. Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање.

СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие. Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими. Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи прес конференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот. Колку поблиску е падот од власт, толку понервозни се СДС и ДУИ, а тоа се гледа по цензурата и замолчувањето на медиумите“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он