ВМРО-ДПМНE бара оставка од министерот Таравари поради смртоносната болест која се шири во Гостиварско

Од:

Алармантна и загрижувачка е ситуацијата во Гостивар и Гостиварско. За само три дена негрижата и неспособноста на министерот Таравари однесе два човечки животи на возраст од 47 и 23 години, а јавноста дозна дури денес, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

Таа денеска запраша зошто веќе неколку дена се молчи дека се шири смртоносна болест низ државата и зошто се молчеше дека починале две лица како резултат на истата, а во животна опасност се уште 6 лица кои се во моментов на инфективната клиника.

„Изминатиот период постојано укажувавме на неспособноста на Владата на Заев, но за жал дојде до најлошото. Неспособноста, непосветеноста и негрижата на Владата на Заев одземаа два човечки животи. Од засега наши познати извори се работи за сериозна заразна болест од вирусен причинител, што значи оваа болест премногу брзо се шири помеѓу луѓето и е смртно опасна. Исто така нашите сознанија велат дека изминативе неколку дена симптомите кај веќе починатите две лица биле третирани крајно несериозно и воопшто не биле преземено никакви мерки од страна на надлежните во здравството. Бидејќи се работи за вирусен причинител кој брзо се шири помеѓу луѓето, не биле преземени карантински мерки и веќе починатите воопшто не биле третирани во карантин. Па така постои сериозни индиции болеста да е раширена и помеѓу луѓето со кои биле во контакт, како и здравствениот персонал кој работи во гостиварската болница и на скопската клиника“, рече Стојаноска.

Според нивните информации, причината за немањето дијагноза за причинител од која починаа две лица, а 6 се во животна опасност е тоа што нема реагенс во институтот за јавно здравје. За ова, вели Стојаноска, директна одговорност носи министерот Таравари.

„Негрижата, неспособноста и одговорноста во овој случај припаѓа токму на министерот за здравство Таравари. Непосветеноста да се спречат нови смртни случаи денес ја видовме на дело, со тоа што стручните лица инфектолози дури денес излегле на терен, после неколку дена откако знаеле за заразените од вирусот. Ова е крајно непрофесионално и демонстрира неспособност од страна на министерството. Во овој момент не би сакале да предизвикаме паника кај граѓаните, но уште еднаш повторуваме дека се работи за сериозен вирус кој се шири во Гостивар и гостиварско и бараме веднаш стручните лица да не молчат и веднаш да се произнесат за каква болест се работи и да објават како би можеле граѓаните да се заштитат“, рече Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство