• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата две години не направи ниту една реформа во насока на приближување кон ЕУ

by А1он15/05/2019 - 09:0915/05/2019 - 09:10127
Share0

„Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ.

Добивај вести на вибер

Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата па излезе со новo дека ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи.

Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот.

Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите.

Власта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите.

Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен