ВМРО-ДПМНЕ: Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците, и да ги реализира барањата на СОНК

Од:

„Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците, и да ги реализира барањата на СОНК. Неодговорни се изјавите од владата дека немаат пари за покачување од 18% како што бара СОНК, а во исто време нивните генерални секретари склучуваат криминални физибилити студии тешки милиони“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Несериозно е да зборуваат дека немаат пари за покачување на платите на наставниците, а во исто време да распишуваат оглас за да градат зграда за АХВ од над 8 милиони евра.

Потценувачки е да нема пари за наставниците, а секој месец во РЕК Битола да се склучуваат милионски договори за ископ, механизација, или друг вид на работи, на кои потоа се гледаат струмички камиони како вртат.

Владата не ги покачи платите за да има да краде.

Пари во буџетот за поголеми плати има, само треба да се запре со крадењето кое го прават функционерите од СДСМ и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела