ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија, нели се преговараше само за португалскиот предлог?

Од:

„Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност.

Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до Бугарската влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата.

Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија.

Останува отворено кои се 5те историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори.

Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ