ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК

Од:

„Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК. Владата вели дека дава покачување на платите од 10%, во ситуација кога млекото се покачи за над 80%, зејтинот за над 110%, горивата за над 70%, струјата за над 30%. Трошоците за живот се екстремно покачени, а владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата наместо со половични решенија треба да ги исполни барањата на СОНК, тие се минимално неопходни за обезбедување нормален стандард на наставниот кадар.

Македонија е можеби единствена земја во Европа каде наставниците имаат плата пониска од просечната плата.

Платата на еден наставник е далеку помала од синдикалната кошничка.

Платите во образованието мора да се зголемат. Владата да изврши нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието.

Ковачевски наместо да им се заканува на СОНК, да ги исполни нивните барања. Наставниците се еден од столбовите на општеството“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела