ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето за повисоки плати во образованието – уште една ноторна лага на СДСМ

Од:

„Македонското образование тоне поради неспособноста и неработата на криминалната банда на власт. Оваа школска година не започна на време поради штрајкот на просветните работници кои ги бараат заслужените повисоки плати. Ветувањето за повисоки плати во образованието се покажа само како уште една ноторна лага на СДСМ.

Учениците првиот школски ден не го поминаа на училиште туку дома, а кога тргнаа на училиште беа пречекани од стари и искинати учебници кои оваа власт не ги замени со нови. Поголемиот дел од училиштата ширум државата се руинирани. Учениците го стекнуваат образованието во катастрофални услови, тоалетите не работат, крововите прокиснуваат, нема ниту греење во зимските денови, ниту ладење кога температурите се високи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалната банда на власт на чело со аболицираниот Заев ги излажа граѓаните. Во програмата за живот ветуваа за 50 проценти повисоки средства за образованието и науката, а секоја година со секој нов ребаланс ги кратат средствата наменети за образование.

Власта не само што нема капацитет да го реализира планираниот буџет за образование, туку и она малку што е определено за оваа ставка во буџетот го крати.

Младите се иднината, а криминалната банда со ваквата негрижа, неработа и неспособност ги демотивира младите кои во се поголем број носат одлука да ја напуштат државата. Тоа значи дека власта не само што ги уништува стандардите во образованието, таа ја уништува и се откажува од иднината на нашата држава. Казната за ова ќе стигне на следните избори, а ќе биде испорачана од македонските граѓани“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски