ВМРО-ДПМНЕ: Ветените проекти на градоначалникот на Куманово не се реализираат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оцени дека ништо не е реализирано од ветените проекти во програмата на актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски.

– Сеуште нема ништо од ветената индустриска зона во село Речица во која требаше да се изградат 60 индустриски капацитети и да обезбеди 2.500 вработувања. Сеуште ги нема ветените градинки, покриениот спортски базен, ништо од намалување на цената на паркинг услугите. Куманово и понатаму се соочува со сообраќаен хаос, се помалку можат да се забележат зелени површини во општината, ниту пак е започнато со реновирање на фасадите во центарот на градот. За овие и за сите останати ветувања на Зоран Дамјановски сеуште нема ниту подготвителни активности, а камоли нивна реализација, истакна Мирослав Стојановски, координатор на советничката група на ВМРо-ДПМНЕ од Куманово.

Според Стојановски, јавните претпријатија се пред банкрот, а градот се соочува со диви депонии и сообраќаен метеж.

– Ние ќе останеме посветени и активни и без разлика што Куманово функционира како да нема локална самоуправа. Ќе продолжиме да ги слушаме поплаките од граѓаните и ќе лобираме колку што можеме кај централната власт за што повеќе проекти во Оштина Куманово бидејќи очигледно е дека Дамјановски нема никаква визија за развој на Куманово, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ