ВМРО-ДПМНЕ: Весковски го крие Шилегов, така влегува во уште поголемо кривично дело

Од:

ЈП Водовод преку соопштенијата и прес конференциите кои ги прават призна дека Душко Весковски сторил кривично дело и дека најпрвин ја реализирал реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ во месец август, па дури потоа на први октомври согласно документите кои што тие ги испратија како демант распишале тендер за да ја исплатат фирмата која го вршела градежниот зафат велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Душко Весковски прави се за да го сокрие Шилегов.Еден во редицата докази дека Весковски и Шилегов направиле криминал е и барањето за надзор за изградбата на водоводната мрежа на од 24-ти јули 2020 година, односно неколку месеци пред да се распише тендерот за изградба. Најголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот кажува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20-ти август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа. Весковски со паничните прес конференции само сака да го прикрие и спаси Шилегов од се поизвесниот пораз кој го очекува. Јасно е од каде е имотот на Шилегов, јасно е дека работеле криминално. Само уште Весковски да сфати дека не треба да прави нови криминали да го прикрива првиот на шефот, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче