ВМРО-ДПМНЕ: Велковски и Спасовски кривично да одговараат за злоупотреба на службената должност

Од:

„Констатирана е одговорност и злоупотреба на доскорешниот директор на БЈБ Лазе Велковски.

Политичката одговорност нема никакво значење без понесување на правна одговорност, односно Велковски и министерот Спасовски како негов надреден мора да одговараат и кривично поради веќе признаената и констатирана злоупотреба на службена должност.

Владата на СДСМ да не се затскрива зад коалициски пазарења, туку да започне да ја практикува правната држава.

Има директно признание од премиерот Заев дека Велковски е нивен политички кадар односно партиски член што е во спротивност со заложбите и обврските за непартизирана полиција.

Бидејќи е констатирана одговорност, Велковски и Спасовски кривично да одговараат за злоупотреба на службената должност и да не се кријат зад коалициските пазарења и кадровски смени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ