ВМРО-ДПМНЕ: Велес се уште се соочовуа со проблемите од 9-годишното владеење на Коцевски

Од:

Аце Коцевски беше девет години градоначалник на Велес, но денес Велес и граѓаните се уште се соочуваат со проблемите кои тогаш ги ветуваше, а не ги исполни. Во своите два мандата Коцевски не се зафати со ниту еден суштински проблем на градот, реагира преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Аце Коцевски, кандидат за градоначалник од коалицијата „Сојуз за иднината“.
Владејачката партија наведува дека Коцевски за време на владеењето во Велес повеќе се занимавал „со шминкање и реклама“, додека крупните проблеми го гушеле Велес.

– Девет години Аце Коцевски не најде решение за сообраќајниот хаос, девет години Коцевски беше нем посматрач на проблемот со свлечиштето Рамина. Иако вети, на Аце Коцевски изгледа малку му беа девет години да го изгради булеварот „Благој Ѓорев“, изгледа немаше доволно време и за новата театарска зграда која ја ветуваше, а уште помалку за странската инвестиција во фабриката Колска, на која сите се сеќаваме. Тој ги вети, но излажа. Како овој човек кој претставува пиун на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, може нешто да им вети на близу 10.000 луѓе кои останаа без работа, заради лошите политики на неговиот лидер, пишува во соопштението-реакција на ВМРО-ДПМНЕ, која додава дека се потребни проекти што ќе им го подобрат стандардот на велешани и ќе придонесат за економски развој на општината.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември