ВМРО-ДПМНЕ: Веќе две недели скопјани се гушат во загаден воздух, Арсовска, СДС и Левица мува не ги лази

Од:

„Веќе 10-тина дена скопјани се гушат во загаден воздух, а коалицијата СДС, Левица и Арсовска мува не ги лази. Наместо да предлагаат некакви се полумерки и вондредни седници, нека седнат СДС и Арсовска, па тоа било и на тајна средба и нека донесат вистински и суштински мерки за загадувањето“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Полумерките на СДС се со единствена цел, да се полни касата на ЈСП Скопје, бидејќи директорот на ова претпријатие e кадар на СДС и преку тенедери во 4 очи со омилената фирма Пуцко Петрол да ги украдат парите на граѓаните.

А, за возврат граѓаните да добијат намален број на градски автобуси, наместо тој број да биде зголемен.

Целосна неодговорност од страна на СДС и Арсовска за здравјето на скопјани. Забораваат од СДС дека веќе 7 години се на централна власт и немаат ниту еден проект за почист воздух и здрава животна средина во Скопје.

Толку од зелените агенди на СДС и нивните коалициони партнери, Над 20 милијарди евра од изминатите буџети потрошени и украдени пари, а без ниту еден капитален проект за справување со загадувањето.

Се што прави коалцијата СДС, Левица и Арсовска е за личен профит и некој тендер плус, а на штета на граѓаните. За тоа најпотребни се предвремени парламентарни избори за излез од овие кризи, за кои најодговорни се СДС“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела