ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш откако ќе се вратиме на власт ќе има правна разрешница за сите незаконски вработувања

Од:

Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека хаосот во културата продолжувал и дека бројот на партиски вработени како советници на Заев и Алаѓозовски вртоглаво растел, а сето тоа одело на сметка на граѓаните кои плаќале стотици милиони денари од буџетот секоја година за плати.

– Алаѓозовски ангажираше советници како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев, Златко Теодосиевски и Владе Милчин кои се со став дека спомениците на македонската историја и херои треба да се минираат, срушат и демолираат. Својата советничка екипа во која вработува партиски војници и невладини платеници неодамна ја зголеми и Зоран Заев кој како свој личен специјален советник за култура ја вработи Цветанка Ласкова, изјави Милошевски.

Како што кажа тој, Цветанка Ласкова како советник за култура на Заев доаѓала со биографија во која е забележана просечна музичка кариера и голема заслуга за промовирање на шпанските сапуници во Македонија.

– Прашуваме јавно, по кои критериуми се вработени овие партиски војници и извршители и што тие ќе ги советуваат Зоран Заев, Алаѓозовски и другите министри од неспособната влада на СДС? Парите на граѓаните наместо да се користат за нови болници, градинки и спортски сали, ќе бидат користени за плаќање на партиски војници. Се кратат пари од буџетот за да има плата за Цветанка Ласкова како специјален советник за култура на Зоран Заев, рече Милошевски.

Според него, за ваквото неспособно работење на Заев, Алаѓозвоски и СДСМ наскоро ќе следела политичка одговорност, а за сите незаконски вработувања и оштетувања на буџетот, ќе имало и правна разрешница веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратело на власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални