ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за активна блокада на Собранието

Од:

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори.

На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници.

ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ