ВМРО-ДПМНЕ: УЈП удри по ситните трговци, затвора мали продавници, додека големите никој не ги чепка

Од:

Изминатите неколку дена УЈП предводено од партискиот кадар на СДСМ, Сања Лукареска врши брутална хајка врз најситните трговци и продавници, додека големите трговци никој не ги контролира велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Под изговорот „контрола“ на маржите се удира врз најситните дуќанџии додека големите трговски субјекти блиски до власта се заштитени како бели мечки. Тимови составени од партиски кадри влегуваат во ситните маалски продавници и врз строго селективни критериуми, политички селективно изрекуваат казни, и ги товорат со дополнителни трошоци осудувајќи ги на пропаст.Еден од таквите тимови на УЈП е предводен од Александар Ѓорѓиоски, претседател на младите на СДСМ Прилеп и актуелен советник, вработен во УЈП. Ѓорѓиоски наместо да се соочи со обвинителен акт поради тоа што во време на изборите се закануваше по безбедноста и животот на детето на прилепскиот градоначалник д-р Јовчески, тој дели казни во име на УЈП и затвора маалски дуќани низ градовите Охрид, Битола, Прилеп, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта

Ана Ололовска

Трипуновски до Николовски: Додека ти шеташ на државна сметка, над 800 сточари не можат да ги земат субвенциите заради правни нелогичности

Ана Ололовска

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Катерина Павлова-Николовска

Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите со надзорот на коридорите продолжуваат, четворица добиле 900 илјади евра за еден месец за изготвување договор

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството како заедница на еден маж и една жена е природна форма