ВМРО-ДПМНЕ: Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Царовска, укинувањето на учебниците не е реформа, туку талибанизам

Од:

„Додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, Царовска упорна во своите намери не се откажува од реформата која предвидува укинување на учебниците.

Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Мила Царовска. Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање на учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметната реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните.

Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа.

Во текот на своето владеење Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка!“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му