ВМРО-ДПМНЕ: Тунтев беше главен креатор на донесувањето на штетни одлуки за Охрид

Од:

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува именувањето на Томислав Тунтев за претседател на Општинска организација на СДСМ Охрид.

– После големиот пораз на последните локални избори во кој значајна улога имаше координаторот на советничката група на СДСМ и заменик на поразениот градоначалник, вакавата промена на политичката сцена е навистина добредојдена. Фактот дека новоименуваниот претседател на СДСМ беше главен креатор на политиките на Петрески, главен креатор на донесувањето на штетни одлуки од урбана и финансиска сфера во Охрид и главен креатор на задолжувачките политики на Охрид, кажува дека СДСМ ниту се менува, ниту има намера да донесе нешто ново на политичката сцена. Истите ликови кои ги нанесоа штетите врз Охрид со своите одлуки и не се баш некоја иднина за Охрид – велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела