ВМРО – ДПМНЕ: Тунески порано тврдеше дека СДСМ е виновен за застојот во енергетиката

Од:

Атанаско Тунески додека беше член на ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше дека сите поголеми инвестиции во областа на енергетиката се започнати или интензивно се реализираат само во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак СДСМ е виновен за застојот во инвестициите во овој сектор, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на прес – конференцијата на Тунески.

Тунески ќе остане запомнет како единствен директор на МЕПСО, кому му успеа да му падне системот и да му се случи целосен колапс. Човекот поради својата неуспешност беше разрешен и беше избркан од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа доволно говори за неговата нестручност и за неговата фрустрираност, се вели во реакцијата.

Очигледно, се посочува, Тунески е човек кој денес го зборува она што би му се допаднало на неговиот шеф Бранко Црвенковски.

Не сме изненадени од тоа, бидејќи Тунески си го најде местото помеѓу, Црвенковски, Георгиевски, Тито и ним сличните, сите до еден луѓе кои делат исти вредности. Тоа се луѓе на кои зборот не им вреди ништо и воопшто не стојат зад ставовите кои ги кажале. Не би не зачудило доколку Атанаско Тунески премине во ДПА или некоја трета партија, па да излезе и како експерт од енергетиката, да кажува некои сосема трети ставови, се подвлекува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ