ВМРО-ДПМНЕ: Тунески го немаше три месеци од срам

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на прес конференцијата на Атанаско Тунески.

Во соопштението велат дека Тунески од срам го немало  три месеци да се појави на прес конференција.

„Тој е првиот што го обвини СДСМ дека е одговорен за поскапување на цената на струјата во Македонија. Но, поради тоа што во меѓувреме Атанаско Тунески стана член на СДСМ, мораше да се скрие од јавноста“, стои  во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Атанаско Тунески е единствениот директор на електроенергетскиот систем на  Македонија кому му се случило да му падне системот, заради што беше разрешен од страна на владата. Ако тој е најдоброто што СДСМ го има во оваа област тогаш може да претпоставиме како изгледа другиот дел од кадровскиот потенцијал на СДСМ“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?