ВМРО-ДПМНЕ: Трет ден Ковачевски не се извинува за мизогините и шовинистички навреди

Од:

„Ковачевски трет ден не се извинува за мизогините изјави кои ги упати кон пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само покажува за какво ниво на некултура станува збор. Сексизмот и шовинизмот се недозволиви за никого, а најмалку за човек кој себе се прикажува за образуван, кој врши функција премиер и тоа го изрекува во Собранието, пред кое одговара за својата работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Коментарите за нечиј изглед и навредите кои Ковачевски ги упатува се резултат на неговата нервоза, на отсуството на аргументи и неспособноста да се носи со критиката за неговата работа. Очигледно Ковачевски со напади и навреди на пратенички лекува сопствени комплекси и фрустрации.

Зачудува и индолентноста на пратеничките од СДС, но и на т.н. невладините организации кои вообичаено знаат да бидат многу гласни, а сега овој скандал го премолчеа. Тоа само говори за двојните стандарди кои владеат во СДС и меѓу одредени опшествени субјекти кои работат на тастер и по нарачки. Тоа нека им служи на чест исто како што ќе му служи на чест на Ковачевски неговото безобразно и недолично однесување во Собранието“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела