ВМРО-ДПМНЕ: Транспарентност Македонија за соопштенија се консултира со СДСМ

Од:

„На т.н. невладина органзиација Транспарентност Македонија и требаа неколку дена да се консултира со својата матична партија СДСМ за да излезе со соопштение. Но и во ова соопштение повторно јавноста не виде одговор зошто испоставата на СДСМ, наречена Транспарентност Македонија не кажува ни збор за тоа што и на овие избори СДСМ повторно се финансира нелегално со користење на кредит, за што доби кривична пријава од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата пред две години.

– Раководството на оваа квази невладината организација Транспарентност Македонија, кои час се невладини активисти, час се партиски функционери на СДСМ, треба да престанат да фабрикуваат лаги и да манипулираат со јавноста.

– Впрочем и на јавноста веќе и е доволно јасно дека оваа таканаречена невладина органзиација се финансира од пари на фондацијата СОРОС на Владимир Милчин, а во нејзиното раководство се наоѓаат поранешни и актуелни функционери на СДСМ. Поинакви ставови освен тенденциозно манипулации насочени кон ВМРО-ДПМНЕ, од оваа политичка инсталација на СДСМ во невладиниот сектор и не можеме да очекуваме“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Транспарентност Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?