ВМРО ДПМНЕ: ТМ е антидржавна организација и работи за туѓи интереси

Од:

Транспарентност Македонија се служи со неосновани обвинувања упатени кон Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и се обидува преку манипулации да ја одработува агендата на СДСМ, се вели во реакцијата на владејачката партија. Наместо тоа, од ВМРО – ДПМНЕ ги повикуваат ТМ одговорите на прашањата да ги бараат кај СДСМ и Бранко Црвенковски, кој заедно со своите соработници ја извршиле криминалната приватизација.

„Ги повикуваме Транспарентност Македонија прашањето за незаконски изнесените 4,6 милијарди долари да го постават на олигарсите кои што пљачкаа во деведесетите помогнати од Црвенковски и СДСМ. Исто така ги повикуваме Транспарентност Македонија да ги прашаат финансиерите на оваа невладина организација која ја претставуваат, антидржавна и мафијашка организација на квази експерти кои лапаат еден тон евра за хонорари одработувајќи туѓи агенди“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ