ВМРО-ДПМНЕ: Тестови за корона нема ни за лек, Филипче штелува бројки, за ова треба да одговара

Од:

„По повеќе од една година корона пандемија граѓаните не можат да најдат термин за тестирање. Термин за тестирање нема ни за лек.

И додека министерот Филипче велеше дека ќе има околу две илјади заболени лица, излезе само починати да има повеќе од дупло од бројката која тој ја прогнозираше за заболени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во меѓувреме, додека сите вакцинираат од декември и има земји во кои околу половина од населението има примено барем една доза од вакцината против корона, во Македонија е вакацинирано помалку од еден процент од населението.

И, пак, за тестирањето. Нема реагенси, нема тестови… Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии.

По сето ова, крајно време е Филипче да си даде оставка! Филипче и ќе одговара за сите злодела кои им ги нанесе на граѓаните!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ