ВМРО-ДПМНЕ: Тажно е да се гледа Филипче во оваа улога, од солиден неврохирург како прерасна во солиден измеќар на бандити станувајќи и самиот еден од нив

Од:

Да учеше Филипче од историјата немаше да прифати улога на измеќар, извршител и тендер мајстор на картелот Заеви како што некогаш бил Сухарто, Шеше Шеко или Маркос на пример. Филипче да учеше од историјата ќе знаеше дека историјата не простува.

Нема да им се прости набавката на вакцини со провизии, тендерите во РЕК Битола, изгорените „Беса Транс“ и модуларна болница, онкологија и кражбата од пациенти на смртна постела, подизведувачите на Груби и сите криминали и скандали заради кои народот секојдневно се иселува.

И конечно додека СДС ја задолжи Македонија во гуша од неповолни кредити со огромни камати, а Филипче во тоа време распишуваше тендери во здравството за нивни блиски фирми, тогаш не слушнавме Филипче да каже нешто за рекордното задолжување кое за разлика од многу поволниот и корисен унгарски заем сега, тогаш парите наместо за проекти се делеа во фондот за иновации да се потсетиме на иновативните магариња или печатница или колички за разнесување пици, за грантовите дадени на нивни блиски.

Пљачката која СДС и ДУИ ја направија во Македонија е врв на криминалното однесување на политичари и се мери со онаа на историски најголемите криминалци во историјата на Европа.

Фалеше уште маски за скијање да стават на главите па да биде уште поочигледно што прават.

Го разбираме Филипче што мора да одработува, валканите пари секогаш имаат дополнителна цена која се плаќа за нив, а тоа е беспоговорната лојалност кон тој што ти ги дал. Затоа Филипче се однесува вака понизно кон картелот Заеви. Нема избор. Тажно е да се гледа Филипче во оваа улога, од солиден неврохирург како прерасна во солиден измеќар на бандити станувајќи и самиот еден од нив, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици