ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да се смири, да не дојде време да го моли за нешто ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираа на вчерашните изјави на министерот за здравство Арбен Таравари.

„Само што помисливме врз основа на CV-то на Таравари ќе биде солиден министер кој ќе си ја гледа министерската и стручна работа, ние веќе гледаме разулавен националист кој едвај чека да влезе во конфликт по национални, етнички и партиски прашања.

Му порачуваме многу да не се сили, да не скока, да се приземји, да не дојде брзо време да го моли за нешто ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно нема доволно политичко искуство, па ако станал министер мисли дека вечно тоа и ќе биде, и веднаш ја покажува својата ароганција и ксенофобичност.

Можеби тоа ќе му се допадне на неговиот шеф кој се храни со националистички и шовинистички изјави и со говор на омраза, но сигурно не е добра препорака за мнозинството граѓани кои очекуваат од него да го подобри здравството со реформи, а не без да е предизвикан да се кара со политичките партии и да се однесува незрело.

Господинот Таравари се впиша како министер чија прва изјава е дека ќе руши реформи, наместо да спроведува реформи, како што најавуваа пред изборите.

Арбен Таравари да излезе од улогата на политички месија, и да се започне да работи тоа што е, и она за што зема плата од граѓаните, министер за здравство“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски