ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот СДС и ДУИ ги наполни институциите со партиски кадри

Од:

Изјавите на Каранфилова Пановска, дека се врши упад во трите столбови на власта се грешни, бидејќи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не дозволува вакво нешто, за разлика од владеењето на тандемот СДС и ДУИ, каде што ставаа партиски кадри на буквално секое место. Да ја потсетиме Фани, дека седумгодишното владеење на криминалниот тандем СДС и ДУИ, поминуваше неказнето, бидејќи судиите како Весна Дамева и Наќе Ѓоргиев беа избрани од нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ја потсетиме Фани, дека на раководните позиции на структурите на безбедносните сили беа ликови како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, кои беа познати по давањето пасоши на белосветски крминалци и случајот Онишченко. Да ја потсетиме Фани, дека на црната листа на САД, се најде првиот вицепремиер на нивната Влада, Артан Груби кој се сомничи за криминал и корупција, заедно со судијата Енвер Беџети.

Да ја потсетиме Фани, дека ДКСК изјави дека нема никаква основа за постапување против Христовски, кој во меѓувреме доби и НАТО сертификат. Исто така, да ја потсетиме Фани, дека Македонија никогаш не била поблиску до ЕУ, со државничките политики на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од претходно, лидерите на земјите во ЕУ, ја поддржуваат пораката која ја пренесува Македонија на европските состаноци. За разлика од СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите, кои тие ги создадоа. Знаеме дека новото раководство на СДС, кое доаѓа од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кое го поддржуваше криминалот на Заев и неговиот потрчко Филипче, мораат да ги слушаат нивните задачи. Затоа народот не им дава поддршка и затоа и анкетите се такви за нив во форма на статиатичка грешка. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува да работи во интерес на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски