ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери и СДСМ должат одговори, но и одговорност за средби со Чеченците кои се поддржувачи на режимот во Кремљ

Од:

„Шерифот од Форино Талат Џафери влегува од скандал во скандал. После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал занегови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ. Талат Џефери на 10.07.2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја членска на НАТО?

Што разговарал Џафери со Чеченците?

Патем, според информациите во странски медиуми гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина.

Која била мисијата на Чеченците во Македонија? Какви односи имаат овие ликови со Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ? Зарем и во други земји членки на НАТО вакви лица блиски до КРЕМЉ слободно се шетаат во нивните парламенти и остваруваат средби со функционери?

Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ должат одговори, а претседателот на собранието и лична одговорност. Ова причина плус за негова оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ