ВМРО-ДПМНЕ: Светска Банка констатира најмал раст на БДП за Македонија во регионот

Од:

Повторно нов меѓународен извештај, и повторно Македонија закована на дното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според последниот извештај за глобални перспективи на Светска банка, БДП за 2022 година Македонија е рангирана на последно место во регионот со 2.1% БДП. Светска банка пред Македонија ги рангира сите земји од регионот, по БДП за 2022 година. Пред нас во извештајот на Светска банка, поголем бруто домашен производ имаат и Босна и Херцеговина, како и Косово. Највисоко на овој извештај е Хрватска со 6.6% БДП, па Црна Гора со 5.9%, потоа Босна со 4%, Албанија со 3.5%, Косово со 3.1% и Србија со 2.5%“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Оценуваат дека немањето вистински мерки, но и задоцнети мерки за економијата во оваа година на кризи, слабата реализација на капитални инвестиции се целосен неуспех на оваа неспособна власт и доведуваат до најмал процент од БДП.

Според нив, криминалот и корупцијата во државата се вистинската причина за намалување на странските директни инвестиции.

„Оваа криминална власт изминатата година повеќе мислеше на луксузирање и трошење на парите на граѓаните за непродуктивни трошоци, нови и луксузни автомобили за министрите, наместо капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието, културата и земјоделието.
Токму поради неспособноста и немањето визија, невладеењето на правото, како и зголемениот криминал и корупција, секој ден се повеќе млади се иселуваат од државата и спасот го гледаат во западноевропските земји“, се посочува во реакцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ова девастирање на државата, и уназадување на секое поле мора да запре. Излез од ваквите состојби, според нив, се брзи предвремени парламентарни избори

Би можело да ве интересира

Ѓорчев: Офанзивната реторика на бугарската држава е поради тоа што таа увиде дека македонската дипломатија е неорганизирана

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Награди за Ковачевски за инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности

(ВИДЕО) Стојаноски: Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10 од несоодветна со решение на влада станува соодветна?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата набавува леб по цени од 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува

ВМРО-ДПМНЕ: Амбасадорот во САД изнајмил луксузна резиденција

Петкоска: Од дигитализација добивме само дојави за бомби и хакирани системи

Горан Наумовски