ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сме дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи против интересите на граѓаните

Од:

СДСМ денеска ги одби амандманите предложени од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата со кои се предвидуваше зголемување на надоместокот на социјално загрозените граѓани и ранливите категории на граѓани, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

“Денес повторно сме сведоци дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи против интересите на граѓаните на Република Македонија. На денешната седница на Собранието на Република Македонија каде на дневен ред се разгледуваше законот за социјалната заштита пратениците од владеачкото мнозинство ги одбија амандманите кои беа предложени од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“.

Од парламентарното мнозинство беа одбиени 4 амандмани за кои претходно матичните работни тела не заземаа став поради еднаков број на гласови помеѓу власта и опозицијата.

Амандманите беа во насока на подобрување на на текстот на законот како и во насока на подобрување на квалитетот на живот на сите категории на граѓани кои живеат во Република Македонија.

Со амандманот на членот 42 предлагавме домаќинство кое користи гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. Ова право граѓаните го остваруваа преку програма за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 12 месеци, но преку предложениот закон министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го крати односно го намалува дури за 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинството од двенаесет на шест месеци.

Амандманот на член 45 предвидуваше зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари. Овој амандман беше во согласност со барањата на оваа категорија на граѓани како и дел нашите ветувања во програмата.

Неподдржувајќи го амандамнот за додавање на нов член 65-а владеачкото мнозинство го ускрати правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и на не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8000 денари.

Со член 78 од истиот закон, се оневозможува користење на услугата помош и нега во домот, доколку, истовремено се користи услугата лична асистенција од таа причина беше поднесен амандман за бришење на овој член кој исто така беше одбиен на денешната седница.

Крајно време е пратениците на СДСМ да престанат да работат за своите тесно партиски интереси и да започнат да работат во интерес на граѓаните.”, e наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК