А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сведочењето на Јовановски, покажува дека Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет

by А1он08/05/2020 - 09:34211
Share0

„Зоран Заев во случајот Рекет ги предупредувал осомничените дека криминалот им е откриен. Сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски, покажува дека Зоран Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Боки 13 го кажува тоа кое што подолго време јавноста го посочуваше, дека Зоран Заев знаел за милионскиот рекет, па дури и ги известувал сега осомничените дека криминалот е откриен. Како што посочува Боки 13 на 3 април 2019 година, пред едно интервју во телевизијата 1тв, што соодветствува со емисијата Печат на неделата, кај што гостувал Заев, бил известен од страна на тогашниот прв човек во Владата дека се откриени и веќе има оформено случај за рекетот од страна на странски обвинител“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако досега не е презентиран никаков записник, според признанието на Заев, случајот е пријавен дури на 22 април, односно три недели откако тој го информирал обвинетиот Бојан Јовановски дека странски служби и обвинители го имале документирано целиот криминал.

Вака изгледа на дело „Луј Витон“ правдата и отварањето на „трас-трас“ истраги. Прво ги предупредуваш своите соработници па после глумиш загриженост и наводно го пријавуваш случајот кај обвинителка која претходно кај нив нарачувала медиумски прогон.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ова само покажува дека Заев е главата на рекетарскиот октопод, а се понатаму е само обид да се прикријат трагите кои водат до него.

Затоа не е пријавен случајот веднаш кога излезе во јавноста. Затоа Бојан Јовановски е предупреден. Затоа беше оставена Катица Јанева на слобода. Затоа исчезнуваа нејзините мобилни телефони, а тој на Јовановски не е вештачен. Затоа Зоран Милески Кичеец е на слобода, а со своја паравојска си местеле избори во Охрид заедно со Заев.

Ова е вистинското лице на криминогената власт. Три години Заев, три години хибриден режим, три години криминал. Одговорност мора да има и ќе има“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео