ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор

Од:

Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата. Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор. Тоа е нивната „правда“. Срамна, понижувачка и целосно дискредитирана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде појасно: Сите членови на овој Совет се избрани од СДС и ДУИ, во времето на Заев и Филипче. Тоа е нивниот Совет. Нивната мрежа. Нивниот инструмент за заштита на своите и покривање на криминалот.

Ова не е изолиран случај. Ова е дијагноза на системот – болен, трул, партизиран до коска. Судии кои не се водат од закон, туку од партиска лојалност. Совет што не штити правда, туку крие срам.

Кога велиме „калуѓери што мрсат и во петок“, мислиме на лицемерие без граници. Морален распад. Луѓе без срам кои носат одлуки со кои се убива надежта дека правдата постои. Но нема да остане така. Овој систем ќе падне. Ќе има независен судски систем, ќе има правда. Ќе има одговорност, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ