ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да ги преиспита одлуките за притвор на Ристовски, Атанасовски, Делев и сите други политички неистомисленици 

Од:

Секојдневно сме сведоци како членови на Кумановската група и нивни поддржувачи испраќаат пораки со кои бараат крв и одмазда кон сите политички неистомисленици на Зоран Заев. Заканите на Кумановската група на која Заев и ветуваше амнестија и меѓународна истрага не престануваат, а власта молчи, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова отвора сериозен сомнеж дека зачестените закани не се случајни и не се без поддршка од структури од власта.  Очигледно е дека власта нема намера да преземе ништо против оние кои се закануваат.

Дали е тоа заради поддршката која им ја ветуваше Зоран Заев во врска со настаните во Диво Насеље? Под закана се животите на сите политички неистомисленици на аболицираниот Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт.  Обидот за линч на  поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е само еден од низата  скандалозни чинови кои го потврдуваат тоа.

Власта знае во раните утрински часови да провалува во домови и да приведува недолжни граѓани кои пишале статус во кој го критикуваат Зоран Заев, а сега нема ниту изјава за тоа кој ги испраќа заканите.  Нема ниту истрага за мотивите а ниту се превзема нешто за да се спречат намерите на оваа т.н. Кумановска група која се заканува за одземање на човечки животи.

Судот не смее да биде во заложништво на власта и мора да ги преиспита одлуките за притвор на Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Христијан Делев и сите други политички неистомисленици кои што се жртва на прогонот на оваа власт. Исто така МВР се должни веднаш да ги открие и санкционира лицата кои се закануваат.  Одговорност за овие инциденти мора да има. Јавноста очекува одговорност но и оставки“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека прогонот на политичките неистомисленици кој се случува во Македонија е срам за една земја која себе си се нарекува демократска и претендира да биде членка на Европската Унија.

„На јавноста и е јасно дека Заев и неговиот криминален картел се во паника и затоа се подготвени со секакви методи да го спречат нивното демонтирање од власт кое што ќе го направат граѓаните на избори. Насилието од страна на власта мора да заврши. СДСМ мора да си замине за на Македонија да и се вратат демократијата и правната држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата