ВМРО-ДПМНЕ: Студентските домови во Македонија се наликуваат на руина

Од:

„Студентските домови во Република Македонија се наликуваат на руина. Сликите кои ги објавија медиумите, од кои се гледаат уништени тоалети се доказ дека власта две години нема направено ништо.

Заев и Каевски ветуваа студентски град, со модерни услови за престој, но две години после тоа нема ништо од најавеното. Студентските домови се во катастрофална состојба, а храната е слаба.

СДСМ нема направено ништо за студентските домови. Две години власта потроши 7 милијарди евра буџет, а притоа не направи ништо за студентите.

Каде отидоа 7 милијарди евра пари на граѓаните?

Наместо да се купуваат фотељи од телешка кожа и пенкала со циркони власта може да инвестира во нови студентски домови.

Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери, власта може да купи подобра храна за студентските мензи.

Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции на власта се должи и на безидејноста.

Инвестициите во студентските домови запреа со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Две години студентите мака мачат да преживеат во домовите во Скопје, но и другите градови низ државата.

Негрижата мора да запре. Младите очекуваат промени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ