ВМРО-ДПМНЕ: „Струмица гас“ работи во корист на криминалната тендерска мрежа од која се богати Заев

Од:

„Паниката во СДСМ е јасна и очекувана. Криминалите на Зоран Заев започнуваат се повеќе и повеќе да излегуваат на површина.

Јавноста дозна за тендерите на јавното претпријатие „Струмица гас“ со кои Зоран Заев го полнеше со пари неговиот сопартиец Митко Андреевски, претседател на партиската комисија за енергетика.

Човек фирма, без имот и средства, регистрирана во куќа на неговата сопруга ги добива тендерите на „Струмица гас“. Скандал без преседан. Типичен за аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата тендерска мрежа за испумпување на парите на граѓаните за лично богатење.

Само со последниот тендер од 2016-та година е направена штета од 700.000 евра. Ова се пари на граѓаните кои завршиле во џебовите на Заев и неговите партиски пајташи.

Јасно како ден е дека ЈП „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните, туку единствено во корист на криминалната тендерска мрежа од која се богатат Зоран Заев и неговите партнери.

Предметот веќе е во рацете на Јавното обвинителство кое не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Доставените докази треба да бидат разгледани согласно законот. Секој што крадел мора да одговара. Криење за Заев и неговите пајташи веќе нема“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ