ВМРО-ДПМНЕ Струга: Управниот суд донесе одлука во полза на вистината

Од:

Управниот суд пресуди во полза на вистината и се надеваме на трет изборен круг на кој ќе се одржат регуларни избори и во кој ќе победи подобриот на регуларен начин, изјави денеска на прес-конференција, претседателот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски.

Според него, одлуката на Управниот суд за прегласување во девет избирачки места во Струга е потврда, како што рече, за бројните нерегуларности во вториот изборен круг.

– Она што сакавме да и го предочиме на јавноста за нерегуларностите на изборниот процес во Струга, конечно излезе на виделина. Задоволни сме од тоа што ќе има прегласување на 21 април, но сметаме дека има уште избирачки места на кои што требаше да се прегласува заради нерегуларностите, истакна Петкоски.

В недела, на 21 април во Општина Струга ќе се прегласува на три избирачки места во градот, на исто толку гласачки места во селото Октиси, на две места во Подгорци и на едно избирачко место во Боровец. Овие места опфаќаат околу 7.500 жители.

Од Коалицијата „Заедно за Струга“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ велат дека третиот круг на гласање ќе влијае врз конечниот резултат, зашто во претходниот, кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села беше во предност пред Владимир Кочоски со околу пет илјади и 500 гласови.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука